Босанец однел бонбониера и 200 грама кафе во јавна куќа во Австрија

Идриз, од село во близина на Чазин, Босна и Херцеговина, неодамна стана тема на разговор поради неговата необична посета на австриска јавна куќа. Досега не стапнал на вакво место, а на „првата посета“ донел бонбониера и 200 грама кафе, по традиција од родниот град, пренесува порталот Cazin.net.

Затоа што, како што велат, „редот е ред“.

 

Кога влегол, сите погледи се свртеле кон него. Во раката држел внимателно завиткана бонбониера и кесичка кафе од локална продавница.

„Добро попладне, јас сум Идриз. Го донесов ова затоа што не се доаѓа со празни раце“, рекол тој со широка насмевка.

Вработените го погледнале со мешавина од збунетост и сочувство, а една од дамите не можела да се воздржи, а да не се насмее.

„Момче, не ја посетуваш тетка ти, но тоа е убав гест“, рекла таа низ солзи од смеење.

Сериозен и искрен, Идриз објасни дека во неговото село постои правило дека не треба да се доаѓа со празни раце на гостин првпат. „„Па, во нашето село, кога првпат ќе посетиш некого, ти си на ред да донесеш нешто. Така си помислив, можеби ќе уживате во ова со вашето кафе“, рекол Идриз оставајќи ги вработените и присутните без зборови, но со насмевка.

  • Robert напиша:

    Cveke zaboravil, so posveta

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *