Босанската пејачка Нада Топчагиќ му се оддложи на Златан Ибрахимовиќ со песна за неговиот 40-ти роденден

Златан Ибрахимовиќ беше специјален гостин на фестивалот Санремо и неговото излегување на сцената беше проследено со песната на Нада Топчагиќ, Jutro je.

На интернет исто така се појавија снимки на кои се гледа како фудбалерот видно ужива во песната, по што стана вистински хит во Италија.

Нада била мошне воодушевена од гестот на италијанскиот фестивал, па одлучила да се оддолжи на забавата по повод неговиот 40-ти роденден што се одржа во ресторан во Милано.

На видеото гледаме како Ибрахимовиќ влегува во локалот, а Нада ја пее неговата омилена песна.

Нада била поканета од страна на пријателите на Ибрахимовиќ кои одлучиле да го изнанедат.

Фудбалерот очигледно решил и самиот да се почасти затоа што на својот Инстаграм профил објави слика од нов автомобил 488 Pista Spider Ferrari и напиша: „Среќен роденден на Златан“.