Боуви се враќа дома: Слепото куче Боуви кое било украдено од семејната куќа е пронајден 300 километри од дома – да не била една снимка од видео надзор немало ни да биде пронајден

Боуви, слепиот австралиски овчар, бил украден од неговиот дом во Саутпорт, на Голд Коуст, во средата. Полицијата тврди дека група упаднала на адресата помеѓу 10 и 13,15 часот тој ден.

Семејството Дурнам се вратило дома и виделе дека слепото куче, автомобилот и други лични предмети недостасуваат. А куќата била оставена целата во хаос.

 

Снимка од видео надзор објавена од снимка Полицијата во Квинсленд го прикажува Боуви како седи во автомобил до непознат маж. За време на инцидентот биле украдени неколку предмети, вклучително и сив караван Hyundai Tucson од 2022 година со кој Боуви бил украден.

Автомобилот бил пресретнат од полицијата на Нов Јужен Велс – при што Боуви бил пронајден безбедно во близина на Намбука Хедс, на средината на северниот брег на државата. 48-годишен маж е уапсен и се очекува да биде обвинет.

Семејството Дурман, чиј дом бил упаднат, наводно во тој момент биле на скијање.

„Откако сфативме дека Боуви го нема, автомобилот не ни ни беше важен. Фокусот беше да го најдеме Боуви“, изјави таткото Лук Дурман.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *