Божиќна мистерија: Семејства добиваат божиќни честитки со пари за помош со сметките за струја од мистериозен Дедо Мраз
Еден мистериозен добротвор ги воодушеви жителите откако во нивните сандачиња стави божиќни честитки со по 5 евра. Жителите на улица во Чатам, Кент беа преплавени од несебичниот чин. Максин Паркер-Галагер (58) била збунета, но сепак воодушевена додека го одлепувала пликот.
Таа рече: „Имаше честитка во сандачето, ја извадив видов дека е празна на предната страна и мислев дека тоа е чудно. Ја отворив и внатре ја имаше таа мала порака и едноставно ме разнесе – мислев дека е толку љубезно“.

Г-ѓа Паркер-Галагер, која користи инвалидска количка 70 проценти од времето, живее во мал затворен простор од осум куќи, сите сместуваат инвалиди и стари лица во бунгалови. Откако ја отворила честитката, таа се јавила на една од сосетките за да види дали и таа добила слично изненадување. Неверојатно, и таа добила.

Таа продолжи: „Мојата пријателка го видела како минува низ нејзината порта и имле мал куп честитки и ги ставал сите во сандачињата. Таа никогаш порано не го видела тој човек, затоа што живееме во оваа мала заедница, сите се познаваат со секого и кога некој различен доаѓа, сите забележуваат“. Друг сосед го опишал човекот како во доцните 20-ти или раните 30-ти.

По скокот на сметките за енергија од 54 отсто во април оваа година, многу Британци се борат да врзат крај со крај.
Џоан Грин, друга жителка, беше подеднакво ценета за празничното дело на човекот.
92-годишната старица рече: „Немаше име на пликот и помислив „од каде е ова“ и го отворив и ја видов петката. Ова е навистина убав потег, кој и да се сетил на тоа“.

I kaj nas me I’ma takvi chestitki isprateni od Tache, ke se smiluva oti mnogu misli za narodot.
Коментирај анонимно