Божиќните честитки во САД изгледаат малку поинакви од оние на кои сме навикнати

Републиканската претставничка Лорен Боберт сподели фотографија од неа и нејзините деца како држат пушки во знак на поддршка за американскиот конгресмен Томас Маси.

Маси се соочи со силни реакции во текот на викендот затоа што сподели „божиќна“ фотографија од неговото семејство како стои пред новогодишна елка, при што секој член се смешка додека држи оружје.

Сликата, која беше споделена само неколку дена откако четворица ученици ги загубија животите во пукање во училиште во Мичиген на 30 ноември, беше придружена со натпис „Среќен Божиќ! П.С. Дедо Мраз, те молам донеси муниција.“

Маси беше  етикетиран како „сурова“ и „нечувствителна“ личност поради објавувањето на сликата, која некои ја опишаа како „вознемирувачка“. Меѓутоа, Боберт јасно стави до знаење дека е на страната на Маси бидејќи и таа сподели слична слика од своето семејство на 8 декември.

На сликата се гледа како Боберт се насмевнува додека стоела зад своите четири сина, сите помлади од 18 години кои држат оружје.

Мајката не го покажа својот пиштол на фотографијата, иако е познато дека е гласна активистка за правата на оружјето која привлече внимание откако вети дека ќе носи пиштол низ Конгресот кога ќе биде избрана.

Контроверзната слика го привлече вниманието на американската претставничка Александрија Окасио-Кортез, која се запраша: „Кажи ми повторно каде Христос рече „користи ја комеморацијата на моето раѓање за да го пропаригаш насилното оружје за лична политичка корист“?

Боберт одговори на критиките на Окасио-Кортез и посочи дека пиштолите што се гледаат на сликата всушност биле божиќни подароци на нејзините деца.