Брачен пар од Америка отишле на прошетка во националниот парк Арканзас и нашле многу скапоцен дијамант
Брачниот пар Вредберг од Калифорнија знаеле дека во националниот парк има место кое што се вика „Дијамантски кратер“ и решиле да прошетаат и таму. Местото личи на една голема нива и целото е раскопано од големиот број посетители кои бараат дијаманти.
После 40 минути потрага, сопругата забележала едно необично жолто каменче, кое не ни личело многу на дијамант. Сепак, го однеле кај локалниот проценител, кој бил многу пријатно изненаден од откритието. Се работело за многу редок жолт дијамант. После брусењето го однеле на проценител, кој го проценил на најмалку 150.000 долари.




