Брачен пар од Русија си го посветил животот на згрижување деца и веќе се родители на 14

Анастасија Гулјахина и нејзиниот сопруг имаат 14 деца, но жената родила само едно од нив. 40-годишните сопружници со години функционираат како згрижувачко семејство и им ги разубавиле животите на 13 дечиња. Таа и нејзиниот сопруг разговарале за посвојување на деца уште кога имале само 19 години.

Нивниот план бил да добијат свое дете па потоа да посвојат или барем да бидат згрижувачко семејство за некое детенце од домот за деца без родители.

Сепак нивните планови се смениле откако Анастасија не можела да остане бремена. „Првите деца ги добивме во 2007 година: Соња (2 години), Слава (9 години) и Тања (15 години). Но, тоа не застана во овој момент и во следните 2 години, веќе станавме родители на 9 деца: Го родив нашиот син Лев, и го зедовме Руслан (12 години), Карина (3 години ), Ема (16 години), Катја (15 години) и Коља (13 години). Во 2013 година, зедовме уште 4 деца кои се брача и сестри: Никита (12 години), Маша (11 години), Паша (7 години) и Тимофеј (4 години). Во 2017 година го земавме нашето последно засега, Јан (13 години), па сега веќе сме родители на 14 деца. И тоа не е граница.“, објаснува Анастасија.

Жената вели дека тие сфатиле што значи за едно дете да расте без семејство. Таа откако ги земала првите деца вели дека сфатила како ние си ги извршуваме секојдневните обврски без да знаеме колку деца патат во тие моменти. Анстасија објаснува дека дел од нејзините деца никогаш претходно не биле бакнати или прегрнати, пред да дојдат во нивното семејство.

6 од децата се веќе возрасни и си имаат сега свои семејства на што Анастасија и нејзиниот сопруг се многу горди. Родителите се грижат и за образованието на своите деца па така од 8-те преостанати двете најстари ги пратиле на факултет. Така сега тие живеат со 6 деца во нивниот дом и велат дека воопшто не им изгледаат како многу.

За да одржуваат ред имаат правила во куќата и децата собираат „плусеви“ поврзани со работа по дома, училиште, оценки и така го добиваат својот џепарлак. Анастасија вели дека тие не веруваат во „гени“ туку веруваат во љубовта која им се пружа на децата и сите ги сакаат подеднакво.