Брачен пар си купил куќа во американската држава Колорадо, за потоа да откријат ужасно изненадување под дрвените штици на подот

Шејнон Мекфаден и Ројс Робинс се преселиле во куќата на улицата Рушмор во градот Елизабет, но набргу сфатиле дека нешто не е во ред со нивниот нов дом.

На нивно изненадување и терор, од под дрвените штици почнале да излегуваат змии. Како што затоплувало времето низ домот имало сѐ повеќе и повеќе змии.

Иако е морничаво да имате дувло со змии, за среќа овие змии се мали и не се отровни. Да, тие можат да ве каснат, но не и да предизвикаат некоја поголема штета. Тие ја купиле куќата на крајот на 2018 година и првин не забелаже ништо затоа што било студено.

Но, откако почнала пролетта и змиите почнале да „цветаат“ и да излегуваат од своето дувло. Според законите на Колорадо претходните сопственици на куќата биле обврзани да го известат семејството за ситуацијата пред да им ја продатат, но тие не го направиле тоа, со што го прекршиле законот.

Досега на имото успеале да фатат над 150 змии, а фирма за ослободување од штетници, нова колиба и штици ги чинеле околу 8.000 долари.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!