Брачниот пар и самовилата (виц)

Сопружници славеле 35 години од бракот. Се појавила една самовила и им рекла:
– Затоа што сте заедно 35 години, ќе ви исполнам по една желба. Посакајте си нешто, било што.
Сопругата по кратко размислување рекла:
– Сакам патување околу светот за мене и мојот сопруг.
И БАМ! Во рацете ѝ се појавиле два авионски билети.
Дошол редот на сопругот. Тој се замислил длабоко и рекол:
– Сето тоа со патувањето е многу убаво, но ваква шанса се добива само еднаш во животот, затоа сакам жена 30 години помлада.
Сопругата останала шокирана од неговиот одговор, исто така и самовилата… но желбата е желба. БАМ! И мажот се претворил во 92-годишен старец.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *