Браќата, кои невини поминале 24 години во затвор добија милионско обесштетување
Ерик Симонс и Кенет „ЈР“ Мекферсон, од Балтимор, Мериленд, беа затворени во раните 20-ти години за убиството на 21-годишен човек во 1994 година – и покрај тоа што обајцата имаа алиби за време на убиството.
После 24 години, браќата беа ослободени во мај 2019 година со помош на Проектот Невиност, непрофитна организација која работи на пронаоѓање на погрешно осудените луѓе и реформа на системот на кривична правда за да се спречат идните неправди.
Организацијата работеше на откривање на нови докази во случајот и тврди дека 13-годишен осомничен имал притисок од полицијата за да ги идентификува Симонс и Мекферсон. Полицијата, наводно, му се заканила на тинејџерот со обвиненија за убиство ако тој не го исполни нивното барање.
Друг сведок, кој работел како платен полициски информатор во друг случај, тврдела дека го видела убиството како се случило од нејзиниот стан на 3-тиот кат оддалечен 45 метри од каде што се случило убиството. Обвинителите ги преиспитале случаите на браќата и откриле грешки што биле направени од страна на истражителите, а по нивното ослободување минатата година Адвокатот Мерилин Мозби, изјави дека Мекферсон бил на блиската забава кога се случило убиството, додека Симонс бил дома во кревет.
Сега е донесена одлука освен што се на слобода браќата да добијат по 1,9 милиони долари секој. Износ кој ќе им се исплаќа во наредните 5 години. Симонс, кој сега има 49 години, рече дека ги цени парите од Одборот за јавни работи во Мериленд, но на сличен начин истакна дека ниту една сума не може да го замени изгубеното време додека тој и неговиот брат биле зад решетки.