Брат и сестра одлучиле за 70-тиот роденден на нивната мајка да ѝ приредат интересни и смешни фотографии кои будат убави спомени

Алис вели дека нејзината мајка имала големи планови за 70-тиот роденден. Таа сакала да го собере најблиското семејство и сите да одат на заедничко патување. Сепак пандемијата многу ја разочарала затоа што го оневозможила оваа патување. Па така Алис и нејзиниот постар брат одлучиле да ја расположат нивната мајка и да ја вратат во среќните моменти од минатото со рекреирање на старите фотографии.