„Брат ми и јас сме деца од инцест, затоа во нашето семејство има 7 пара близнаци во 4 генерации“ – Познат актер открил шокантна семејна тајна
Познатиот американски актер Дилан Спраус се впушти во истражување на своето семејно стебло преку ДНК-тестирање, но резултатите што ги доби му приредија вистински шок. За ова бизарно откритие актерот отворено проговори во поткастот „Wildmen“.

ДНК-тестот го поврзал Дилан со затворена и одамна заборавена крвна лоза
Дилан раскажа дека тој и неговиот брат близнак, Кол Спраус, кој исто така е прочуен холивудски актер, потекнуваат од семејна линија во која минатото било многу покомплицирано отколку што изгледало. Тестирањето на генетскиот материјал покажало дека нивните предци често стапувале во бракови меѓу блиски крвни сродници.

„Нашата генетика е толку густо испреплетена“
„Кога ги погледнав резултатите, дознав дека брат ми и јас практично сме потомци на инцест. Нашата генетика е толку густо испреплетена што во нашето потесно семејно стебло имало дури седум парови близнаци во само четири генерации“, откри тој.
Иако ваквите медицински факти обично носат страв од генетски аномалии, актерот со хумор и доза на неверување гледа на целата ситуација. Како што објасни, во минатото, особено во изолираните рурални заедници каде што семејствата сакале да го задржат земјиштето и имотот во рамките на родот, ваквите бракови биле зачестена појава.
Браќата Дилан и Кол стекнаа светска слава уште како деца во популарната серија на Дизни „Животот на Зак и Коди“, а денес се успешни холивудски актери кои водат успешни кариери и приватен живот далеку од предрасудите на минатото.


Коментирај анонимно