Брат сакал да ја изненади сестрата за роденденот со омилениот „стил“, но сосема ја утнал работата

За почеток да го објасниме најглавното „K-pop“ е музички жанр кој опфаќа многу стилови на јужнокорејската поп музика, вклучувајќи различни правци на денс музиката, електропоп, хип-хоп и современ ритам и блуз. Браќата и сестрите можат да ве поддржат на сите начини, но тие не ги сфаќаат секогаш вашите интереси.

Витор, од Бразил, знаеше дека неговата сестра е голем обожавател на „K-pop“, но не се потрудил многу да истражува во врска со тоа. Сфатил дека станува збор за „корејска поп култура“, но кога требало да организира забава за нејзиниот роденден повеќе се фокусирал на „корејското“ отколку на културата. За работите да бидат интересни, тој ја утнал и државата, наместо Јужна во центарот на вниманието ја ставил Северна Кореја.

Споделувајќи ја својата приказна на Фејсбук, Витор објасни дека тој бил одговорен за украсувањето на забавата по повод 12-тиот роденден на својата сестра и секако одлучил главната тема да биде најпознатиот човек од Кореја кој тој го познава. Секако станува збор за Ким Џонг Ун. Еве ја и рекацијата на девојчето.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.