Братот на популарна манекенка прави пародија од нејзините фотографии и покажува колку може да биде збавен односот брат-сестра

Свантије Паулина, позната и како Свалина, е популарна манекенка која има многу необичен и зачудувачки изглед. Таа е добро позната по нејзините прекрасни пеги и ги охрабрува другите девојки да се сакаат себеси. Покрај извонредната убавина, оваа девојка има и постар брат, Линус Џаспер, кој најде одличен начин да ја исмее. И ова е чиста забава.

Свантије и нејзиниот постар брат често се задеваат. И еднаш, пред околу 3 години, Линус започна да се потсмева со моделот, создавајќи пародии на нејзините фотографии. „Полека ми стана премногу досадно да го сфаќам Инстаграм сериозно. Бесконечната количина на фотографии од модели стана прилично досадна, со оглед на тоа што сите прикачуваат такви. Исто така, во ова време, Свалина се здоби со забележителни следбеници така што, како што прават сите грижливи браќа и сестри почнав да ја задевам сестра ми.“, објаснува Линус.