Премини на МотикаX

Браво за идејата! Наставничка по биологија облече анатомски костим за визуелна лекција што никој нема да ја заборави

Да се биде наставник е една од најтешките професии. Мала плата, постојан недостаток на средства, и ученици залепени за екрани – звучи како невозможна мисија. Но не и за наставничката Вероника Дуке од Шпанија.

 

Браво за идејата! Наставничка облече анатомски костим за визуелна лекција што никој нема да ја заборави

 

Костим што покажува сè

Додека пребарувала на интернет, Вероника налетала на тесен анатомски костим што ги прикажува сите внатрешни органи на човековото тело. И веднаш ѝ текнало: ова е совршен начин да им го објасни човечкото тело на нејзините ученици од трето одделение – визуелно, реално и незаборавно.

 

Костим што покажува сè

Интернетот „експлодира“

Нејзиниот сопруг објавил слики на Твитер со порака:
„Многу сум горд на оваа жена со безброј идеи која имам среќа да ми биде сопруга. Денес им предаваше за човечкото тело на учениците на многу оригинален начин. Браво Вероника!!!“
Објавата собра речиси 70.000 лајкови и илјадници позитивни коментари.

 

Интернетот „експлодира“

Креативност на друго ниво

Вероника не застанува само со костимите. Таа користи картонски круни за граматика (именки, придавки, глаголи), носи маски и костими за историја… Таа знае: за да ги задржиш децата во 21-виот век – мораш да бидеш забавен, ангажиран и визуелен.

Во интервју, Вероника потенцира и една поважна порака:
„Сакам општеството да престане да не гледа на наставниците како на мрзливи службеници. Ние навистина се бориме за иднината на децата.“

Креативност на друго ниво