Браво за нашите херои! Вакви деца се за почит, а не оние што стануваат славни со копирање на видеа од „паметните“ Американци
Сојузот на математичари на Македонија – СММ на својата фејсбук страна ги пофали нашите математичари кои освоиле два медала на 17.Математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество.
И додека никој нема да го стави ова како видео на ТикТок затоа што соджината не е доволно плитка, има млади во нашата Македонија кои се уште се стремат да го надополнат своето знаење и да бидат успешни во некое друго поле освен на социјалните мрежи. Сигурни сме дека не се малку такви и ги поздравуваме. А сега да ги поздравиме нашите математичари кои освоија и сребрен и бронзен медал.
„На 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023) во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE) која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија, македонскиот тим освои еден СРЕБЕН и еден БРОНЗЕН медал.
Сребрениот медал го освои Лука Хаџи-Јорданов, а бронзениот медал го освои Марија Стојковска, студенти во втора година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје. Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик водач Никола Велов.
Честитки за постигнатиот успех!“ – напишаа СММ на фејсбук.
Едно браво и од нас и се надеваме дека ќе редат многу успеси!
BRAVO BRAVO BRAVO – Vi cestitam od srce i Vi posakuvam uste mnogu vakvi uspesi
БРАВО , честитки за овие млади таленти. За жал, позитивните вести во овој свет не се актуелни.
Браво, многу честитки и како што еднашка кажа еден професор мој од ЕМУЦ Охрид,
“Нека ви е оваа најмалата победа во животот”.👏🏻👏🏻👏🏻
Коментирај анонимно