Браво за потегот на министерката за образование: Министерството веднаш реагираше и донесе одлука да ги покрие трошоците на младите информатичари за Европската олимпијада, од којашто се вратија со 3 медали!

Младите македонски генијалци: Владимир Грчев, Никола Стојковски, Марко Кренков и Бисера Илиева, беа дел од 8-мото издание на Европската јуниорска олимпијада по информатика 2024, која се одржа од 16-ти до 22-ри август во Кишињев, Молдавија. Тие оттаму се вратија со 3 бронзени медали, вредни и повеќе од злато! Тимот беше воден од лидерите Владислав Бидиков и Иван Занов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

 

 

НО, како и за се друго кај нас, нашите успеси се често во сенка поради финансиите, коишто во најголем дел треба да бидат обезбедени од Министерствата и високите функционери во државава. Па, така и за оваа Олимпијада, МОН малку задоцни со доделување на парични средства, за да се покријат патните и останатите трошоци на учесниците.

 

 

Сепак, подобро подоцна отколку никогаш!

Имено, министерката Весна Јаневска, веднаш се одрази на повикувањата на родителите и целата македонска јавност, па објави дека досегашните трошоци за Олимпијадата по информатика, а и за останатите натпревари во коишто учествуваат македонски преставници, ќе бидат покриени од Министерството за образование и наука.

 

 

 

Оваа одлука на министерката веднаш наиде на поддршка и пофалба поради експресната реакција.

  • dimce напиша:

    Predhodniot napis na Motika za ovie umovi od Makedonija kon ministerstvoto bese auauau,a sega bravo!?!?Trpenie-spasenie

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *