Бразилец се оженил со 9 жени и се венчал во црква со сите по ред

Минатата година Бразилецот Артур О’Урсо и неговата прва сопруга Луана Казачи, стапиле во врска со уште осум жени за да протестираат против моногамијата. Бидејќи полигамијата во Бразил е забранета со закон, тој само се венчал со секоја од нив посебно во црква, а бракот не е правно обврзувачки затоа што по закон мора да се разведе од една за да се ожени со друга.

За да ѝ посвети подеднакво внимание на секоја жена, Артур прво направил распоред за секс, но набрзо открил дека таквиот систем не функционира.
„Понекогаш чувствував дека треба да имам секс поради распоредот, а не за забава. Во други случаи, имав секс со една жена, а размислував за друга“, се жали тој.
На крајот се откажал од планирањето и дозволил работите да тргнат по својот тек.

На почетокот неговите сопруги не се лутеле колку често една од нив ја поминува ноќта со својот сакан. Сепак, Артур признава дека има љубомора во нивната заедница. На пример, кога на една од нив и дал скап подарок, другите сопруги биле љубоморни. Како резултат на тоа, една од сопругите толку се налутила што ја напуштила заедницата.

„Сите бараат внимание, наклонетост и секс како дел од секојдневниот живот, а јас не можам да направам повеќе за едната од другата. Сè уште ја проучувам нашата врска“, рече тој.