Бразилка која не знаела дека е бремена, се породила сама во тоалетот

Ајме Алмеида, од Бразил во 2018 година забележала дека полека тежината ѝ се зголемува. Но, 20-годишната девојка помислила дека тоа е затоа што почнала да јаде хамбургери и нездрава храна по депресијата која следела од раскинување со момчето. Таа исто така престанала да оди и на фитнес и не ѝ пречело што килограмите се зголемувале од ден на ден.

Сепак, само неколку месеци подоцна, Ајме не се чувствувала добро и имала многу низок крвен притисок. Сепак лекарот тоа го препишал на нејзината „емоционална состојба“. Тогашната тинејџерка ниту во еден момент не помислила дека е бремена затоа што сѐ уште имала менструација.

Кога Ајме ги полагала последните испити на колеџ забележала дека и нозете ѝ се отечени, а нејзината мајка и баба кои и двете патат од васкуларни проблеми, ја однеле повторно кај лекар, кој ѝ кажал дека овој проблем можеби ѝ е поврзан со бубрезите.

На последниот ден од колеџ Ајме добила сериозни грчеви во стомакот. Така од куќата на пријателката решила да оди дома и да се опушти со топол туш.

„Не можев да јадам или да бидам со моите пријатели. Се обидов да спијам, но не можев да ги игнорирам болките. Беше толку интензивно што само плачев. Немав сила да го барам мојот телефон во спалната соба и да побарам помош. Почнав да правам неволни притискања, држејќи се за кабината за туширање.“, раскажува Ајме.

Ајме сфатила што навистина се случува откако видела дека излегува главата на бебето. Таа вели дека во тој момент не размислувала на ништо друго освен на тоа да му помогне на бебето да преживее. Откако го родила бебето Ајме преку видео на интернет на кое се објаснува како да ја пресече папочната врвца и да се ослободи од плацентата, пред да го исчисти своето дете.

На почеток Ајме не сакала да оди на лекар затоа што се плашела како ќе му го објасни породувањето на семејството. Но, нејзините пријатели ја убедиле. Нејзиното семејство иако во шок веднаш почнало да ѝ помага така што ги купиле основните работи за нејзиниот син.