Бразилскиот фудбалер Хулк ја остави својата сопруга со која бил 12 години, за нејзината ВНУКА

Не е ништо вообичаени кога познатите се разведуваат, но токму кога во тој момент мислите дека личноста ќе продолжи со мотото „има многу риби во морето“ таа продолжува до нешто многу поблиско.

Бразилскиот фудбалер Хулк, чие вистинско име е Гиванилдо Вијеира де Соуза неодамна се разведе од својата сопруга Иран, со која има три деца: Иан, Џејмс и Алис.

Но, она што уште повеќе ги шокираше обожавателите е тоа што Хулк сега е во врска со „најсаканата“ внука на Иран, Камила. 33-годишниот фудбалер се развел од Иран во јули, а неодамна ја објавил врската со Камила. Девојката е прилично „оцрнета“ од бразилските медиуми што била приморана да се повлече од социјалните мрежи.

Таа претходно на својот Инстаграм профил имала многу фотографии со нејзината тетка Иран и постојано била во друштво на семејството и затоа многу веруваат дека постоела афера помеѓу Хулк и Камила. Блиски членови од семејството велат дека Камила ѝ била „најсаканата“ внука на Иран и тие две често биле заедно, како најдобри пријателки.

Пред да ги деактивира социјалните мрежи Камила напишала објава која ја посветила за нејзината тетка Иран: „Тетка Иран, прво сакам да ти кажам дека оваа порака не е објаснување или оправдување за ништо. Требаше да ти кажам некои работи што за жал околностите не ми дозволуваат да ги кажам лично. Иако сега е небитно за тебе, многу те сакам и се грижам за тебе, затоа зборувам овде. Јас навистина сакам да знаеш работи за кои можеби секој ќе зборува поинаку, обични шпекулации, но јас навистина не им судам затоа што непознатите не знаат апсолутно ништо и повеќето од времето само сакаат ситуацијата да биде полоша. Тешко е да се соочиме со сето ова, но јас не би го сторила тоа доколку не беше точно.“

Сепак за време за целиот „скандал“ поранешната сопруга на Хулк, Иран нема дадено ниту една изјава или коментар за „новата“ девојка на познатиот фудбалер.