Бразилскиот претседател е хоспитализиран поради вообичаена состојба која кај него траела невообичаено долго
Бразилскиот претседател Џаир Болсонаро е примен во болница откако икал повеќе од 10 дена.
66-годишникот се пожалил на болки во стомакот предизвикани од икањето, а бил пренесен во воена болница во раните утрински часови на 14 јули.
Икањето, познато како „сингултус“ во медицинскиот свет, претставува неволни контракции на дијафрагмата. Контракцијата ги затвора вашите гласни жици, поради што го испуштате добропознаиот звук на икање.

Тие се класифицирани како „упорни“ ако траат повеќе од два дена или „нерешливи“ ако траат подолго од еден месец.
Додека повеќето од нас би биле прилично нерасположени ако икаме толку долго, Болсонаро, наводно, е во „ добро расположение“ и покрај тоа што не се чувствува добро и ќе остане во болница два дена.
Во текот на следните 48 часа, ќе се спроведат тестови за да се утврди што предизвикало икањето да трае толку долго.
