Британците рушат рекорди: Температурата достигна -23°C

Доколку снегот и студот продолжи ќе резултира со хаос на сите патишта во Англија. „Екстремен мраз“ резултираше со нагло опаѓање на температурите низ целата земја, а застрашувачки рекорд од -23 ° C беше забележан рано во четвртокот во Бремар, Шкотска. Тоа беше најстудената температура забележана во Велика Британија откако мразот од -27 ° C ја погоди Алтанара во Шкотска во декември 1995 година.