Британец купува авионска карта до Турција за еден ден, само за да испазари намирници — излегува поевтино отколку во Англија
Граѓаните на Британија ја чувствуваат кризата со високите трошоци за живот, барајќи разни начини да заштедат. Од собирање купони до купување намалени производи – секој се обидува да најде начин да испазари. Но Џордон Кокс, познат како „Кралот на купоните“, откри сосема поинаква тактика — лет до Турција само за набавка на намирници, бидејќи излегува значително поевтино отколку во британските супермаркети.

Содржина:
Карта до Анталија за 38 евра и пазарење во стоковна куќа: Џордон ги полни торбите со евтини производи
Џордон платил само 38 евра за повратен лет, резервиран истиот ден. Со ранец на грб, се упатил кон Анталија, каде плати лсамо 0.80 евра за трамвај до центарот и директно влегол во супермаркетот А 101. Таму нашол Доритос за 1 евро, што во Британија чини 1.75 фунти. На крајот решил да пазари во Бим и таму купил Haribo маршмелоу за 0.57 евра, пакување Coco Pops за 2.60 евра и мултипакет Twix за 1.58 евра. „Имам две големи торби полни со храна, тоалетни артикли, секакви работи,” изјави Џордон. Дури успеал и да се прошета на плажа пред да се врати дома.

Реални споредби: Истите производи во Турција чинат едвај третина од цената во Англија
Ќесата со Coco Pops тежеше 1,4 килограми и чинеше 2.60 евра, а иста количина во Теско чини над 3.80 фунти за 365 г. Haribo во Турција беше 0.57 евра, а во британските маркети e 1.47 евра. Пастата за заби Oral B 1.99 евра, наспроти 6 евра во Британија. Џордон успеа поголемиот дел од набавките да ги смести во ранецот.
Финална сметка: Наместо 106 евра во Британија, целата авантура со лет и пазар го чинеше само 80 евра
Џордон пресмета дека за истата листа на производи би платил 105 евра (или 101 евра со Теско картичка) во Англија, а во Турција плати само 23 евра, плус 18 евра за шише вотка на аеродром. Со вклучено лет, трансфер и пазарење, авантурата го чинеше 80 евра, што значи дека заштедил 24 евра, или 20 евра со попуст. Британецот со оваа акција им покажа на сограѓаните колку трошоците во Британија буквално ги гонат да трагаат по алтернативни решенија. “Имам две големи торби полни со храна, тоалетни артикли, секакви работи”, вели триумфално Џордон.

Коментирај анонимно