Британец престанал да плаќа 140 фунти за струја месечно, затоа што си ја обновил ветерницата во дворот стара 200 години

Старата ветерна мелница во дворот сега е извор на електрична струја што целосно ги задоволува потребите на домаќинството на 66 годишниот Џејмс Форсајт.

Ветерницата којашто цел живот стоела во неговиот двор била неактивна од 1925 година.

Пензионерот од Кембриџшир објасни:
„Ние користиме околу 30 киловати дневно, а нашата сметка за струја минатиот месец беше 178 фунти. Мислам дека ветерницата лесно ќе ги покрие моите потреби.“

Четирите перки, секоја со големина од 7,5 метри се поврзани со нов генератор.

Другите реставраторски работи вклучуваа замена на фасадата и прозорците и нов дрвен капак на врвот на ветерницата.

Тој рече дека очекува неговата ветерница висока 12 метри да произведува дури и вишок електрична енергија, што ќе ја продава на енергетската компанија.