Британец се соочува со 25 години затвор во Дубаи поради примање пари за шопинг: Крипто инвеститорот тврди дека полицијата му се смеела дека ќе добие смртна казна

Еден британски државјанин, Васим Кан (22), се соочува со 25 години затвор во Дубаи откако прифатил пари „за шопинг“ од наводен дилер на дрога.

Васим, кој се декларира како милионер и крипто инвеститор, поминал над два месеца во затворската ќелија со 200 затвореници во озлогласениот затвор Ал Барша пред да биде пуштен под кауција по неговото апсење на 4 септември.

Тој бил уапсен откако префрлил 5.400 евра на пријател во Британија, кој потоа договорил лице да му донесе околу 15.000 дирхами (околу 3.600 ева) во Дубаи.

Неколку часа откако непознато лице ги донело парите во неговиот апартман, полицијата насилно упаднала и го уапсила, обвинувајќи го за трговија со дрога и користење на приходите од криминал – обвиненија кои Васим категорично ги негира.

„Пеколен“ престој во затворот

Опишувајќи го престојот во затвор пред ослободувањето под кауција, Васим изјави: „Тоа беше како пекол. Имаше убијци, силувачи и нарко босови – луѓе кои направиле страшни злосторства. Живеачката беше ужасна. Храната беше катастрофална, тушевите беа ладни, а тоалетите мувлосани и смрдливи“.

Тој додава дека постојано биле присутни конфликти: „Ако имаше мали проблеми, мораше да се бориш за нив. Имаше моменти кога за малку ќе се степав“.

 

Апсењето и обвинувањата

Васим, кој потекнува од Лидс, се преселил во Дубаи пред неколку години, каде купил апартман во ексклузивниот комплекс Jumeirah Village Circle. Но, по договорот преку пријател да му се донесат пари за „шопинг“, полицијата влегла во неговиот апартман додека тој подготвувал вечера.

„Шест полицајци влетаа низ врата, ме удрија по глава и ме врзаа со лисици без да кажат збор. Ми рекоа: „Се знае сè. Ти си во грешка, а ние сме во право. Те апсиме“.

Еден од полицајците дури му се смеел, велејќи му дека ќе добие смртна казна или 25 години затвор.

 

Иако адвокатите на Васим се уверени дека има силен случај за одбрана, тој останува загрижен поради правниот систем во Дубаи.

„Мојот адвокат ми рече: ‘Ова е Дубаи, сè може да се случи.’ Не сакаат да ми даваат лажна надеж“.

Тој бил принуден да продаде автомобили и други имоти за да ги покрие правните трошоци, кои досега изнесуваат околу 30.000 фунтиb (36.000 евра). Васим останува во Дубаи додека го чека следното рочиште.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *