Британка платила 500 евра за природна надградба на коса, но го добила ова
27-годишната Лејси Прајс од Ешфорд изјавила дека решила да си стави надградба од природна коса затоа што по раѓањето на 4 деца нејзината коса почнала драстично да опаѓа.
Таа во фризерскиот салон платила 500 евра за да добие долга и убава руса коса. Сепак фризерот наместо природно влакно како што било договорено ѝ ставил синтетика и нејзината коса изгледа прилично ужасно.






