Британка сакала да води љубов со својот сопруг, но оваа желба ѝ го уништила животот

44-годишната Британка Софи Роџерс вели дека еден ден сакала да има се*с со нејзиниот сопруг Гај Роџерс и почнала да го провоцира и да се глупира. Таа скокнала на креветот во обид да го разбуди мажот, но тој ја игнорирал, бидејќи морал да стане рано на работа. Тогаш Софи одлучилада скокне на својата страна од креветот, но промашила и завршила на подот. Во 2:30 часот по полноќ, Гај се разбудил да оди во тоалет и ја нашол својата сопруга како лежи на подот. Тој и помогнал на жената да се врати во кревет и двојката заспала.

Утрото Софи се разбудила неподвижна во креветот. Потоа била однесена во болница, каде лекарите ја предупредиле Британката дека веројатно никогаш повеќе нема да може да оди. Се испоставило дека поради нејзиниот пад претрпела повреда на ‘рбетот што може да доведе до парализа на екстремитетите, губење на способноста за контрола на мочниот меур и цревата, како и да зборува и дише самостојно.

Жената била подложена на операција на ‘рбетот. Таа сега користи инвалидска количка и може да оди на кратки растојанија со шетач. Горниот дел на телото задржал мала подвижност – Британката ги движи рацете, но не може да крева тешки предмети.