Британка се омажи за починат љубовник
Жителка на Велика Британија реши да не ја прифати познатата мисла „Додека смртта не ве раздели“, и направи еден потег кој го збуни целиот свет.

Во 2018 година таа се запознала со својот иден сопруг, тој и признал има општа променлива имунодефициенција, што има негативно влијание врз функцијата на белите дробови. Тоа не било пречка за таа да се заљуби во него и една година подоцна станале пар.

Тој ја запросил на нејзиниот 27 роденден и таа се согласила. На среќата и немало крај па, брзо време после тоа останала бремена. Но, за жал по раѓањето на детето, мажот се разболел од пневмонија. Тој имал лузни на белите дробови кои оневозможувале да функционираат правилно. И покрај сите напори на докторите тие немале што да направат и тој бил пуштен дома со пренослив резервоар кислород. Состојбата се влошувала и за брзо време починал и така не ја дочекал венчавката.


Девојката одлучила дека ова е последна шанса таа да се омажи за својот сакан. Симболичниот брак се одржал на погребот. Жената го ставила прстенот на својот прст и на прстот на покојникот и ветила дека засекогаш ќе го сака.

