Британка се пресели на бротче старо 100 години за да си ги намали сметките и сега заштедува 7.500 фунти годишно
Елизабет Ерл (34) смисли начин како да ја ПРЕБРОДИ економската криза со тоа што се откажала од имотот и си купила чамец стар 100 години.
Таа веќе една година живее на старото бротче наречено Меги и вели дека заштедува 7.500 фунти, без да плаќа кирија и минималистички начин на живот.
Елизабет сега се сели од место до место, а бидејќи бродот е многу стар, живее како во раните 1900-ти, вклучувајќи и ретко туширање.
Таа рече:
„Бидејќи Меги е чамец од 1920-тите, нема многу нова технологија, така што јас го немам вообичаениот обем на сметки што би го имал просечниот сопственик на куќа“.
„Престанав да плаќам над 1.200 фунти месечно за кирија и сметки до околу 575 фунти, што практично ги намали моите трошоци на половина“.
Бродот се загрева со оган од јаглен, вреќа јаглен од 16 фунти трае околу две недели, а се напојува со дизел мотор кој чини околу 60 фунти месечно.
Елизабет, исто така, купува околу 25 фунти месечно боци со плин за да ја загрее водата за да може да се тушира додека снабдувањето со вода е бесплатно.
За да може да го користи чамецот, таа плаќа 130 фунти месечно за лиценца за Canal and River Trust и само 10 фунти месечно за осигурување.
Освен тоа, нејзиниот единствен голем трошок е отплата на заемот за самиот брод.
Таа објасни дека го купила Меги за 30.000 фунти од близок пријател кој и дозволува да го отплаќа на рати.
















Коментирај анонимно