Британка започнала да препродава туѓи вратени пакети од онлајн продажбите и стана милионерка
33-годишната Ема Хамилтон добила необична идеја. Таа оди во магацините на популарните онлајн продавници и им ги откупува вратените производи по пониски цени, без да знае што има внатре. Пакетите како такви ги става на продажба на интернет и луѓето ги купуваат иако и тие не знаат што има внатре. Нешто како киндер јајца, само поголеми и коцкасти.
Обично вредноста на содржината на пакетите ја надминувала вредноста на парите кои нејзините муштерии ги плаќале, па бизнисот започнал да ѝ се шири многу побрзо. Откако почнала да прави обрт од 50.000 фунти месечно, 10.000 ѝ биле чист профит, таа го зголемила тимот и изнајмила свој магацин за да може да се справи со големиот број нарачки. Сега таа е милионер со свој бизнис.