Британска козметичарка прошверцувала 43 килограми дрога на аеродром, тврдела дека е невина, па се обидела да избега од куќен притвор

Британската државјанка Кимберли Хол (29), козметичарка од Мидлсбро, Англија, е обвинета за шверц на 43 килограми кокаин во САД. Според американските обвинители, таа во август 2024 била фатена на аеродромот О’Хеар во Чикаго, по пристигнување од Канкун, со дрога скриена во багажот, додека се подготвувала за лет до Манчестер.

Хол наводно признала дека ја добила торбата во Мексико и ѝ било речено да ја донесе во Велика Британија. Нејзиниот адвокат тогаш изјави дека таа била само „мала риба“ во поголема криминална мрежа. Таа е обвинета за два тешки кривични дела: трговија со дрога и поседување со намера за дистрибуција, за кои може да добие до 60 години затвор.

 

Британска козметичарка прошверцувала 43 килограми дрога на аеродром, тврдела дека е невина, па се обидела да избега од куќен притвор

Таа сè уште тврди дека е невина

Нејзиниот адвокат тврди дека Хол била уапсена додека барала информации за работа, а службеникот погрешно претпоставил дека нараквицата е од ICE. Тој го обвини и „непредвидливиот“ однос на администрацијата на Трамп кон мигрантите за недоразбирањето.
Рочиштето за одлучување дали Хол ќе остане во притвор е закажано за 16 мај. Таа сè уште тврди дека е невина.

Таа сè уште тврди дека е невина

Криминалните дејствија не завршиле…

Иако судот ѝ одреди куќен притвор и електронска нараквица, Хол во февруари 2025 наводно се обидела да ја измами имиграциската служба (ICE), претставувајќи се како лице за депортација. Таа дури резервирала лет за враќање во Англија, но властите ја спречиле да замине.

 

Криминалните дејствија не завршиле...

Судијата Мајкл МекХејл оцени дека таа „речиси успешно“ се обидела да избега и ѝ ја укина мерката куќен притвор, наредувајќи ѝ притвор. Нејасно е дали ICE биле свесни за кривичните обвиненија против неа додека ѝ дозволувале да резервира лет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *