Британската домаќинка со прекумерна тежина заработува и до 10.000 фунти месечно јадејќи брза храна
Светот дефинитивно полуде. 25-годишната мајка на три деца Антонија Греам долго време се обидувала да ослаби со помош на разни диети. Ниту една од нив не ѝ помогнала, дури и кога ќе успеела да изгуби некој килограм, набрзо повторно повторно си ги враќала.
Жената еднаш на оваа тема објавила видео на TikTok во кое го покажува својот стомак и се шегува за нејзината тежина. На нејзино изненадување, објавата добила 7,6 милиони прегледи. Во коментарите, некој и предложил да се обиде да јаде пред камера.
Таа го прифатила предлогот, отворила акаунт на OnlyFans и почнала да организира јадење во живо два пати неделно, во кои лакомо јаде брза храна од McDonald’s, KFC и Dominos.
„Барам 10 фунти (750 денари) за минута гледање и работам само во понеделник и петок“, вели таа.
На едно седнување, Греам јаде три илјади килокалории и се здебелува уште повеќе, но вреди: претплатниците ѝ носат 10 илјади фунти месечно. Покрај тоа, таа верува дека оваа работа и помогнала да се засака таква каква што е. И покрај ова, жената признава дека не планира постојано да се занимава со тоа.












