Британската поп ѕвезда, Џеси Џеј, заработува „вртоглави“ 30.000 долари дневно, а нема издадено музика од 2021 година
Поп ѕвездата Џеси Џеј, иако минатата година ја напушти својата издавачка куќа и не објави ниту една нова песна, продолжува да ужива во финансиски успех.
Британската пејачка, чиe вистинско име е Џесика Елен Корниш, стана интернационално позната со хитот „Price Tag“, кој го освои првото место на топ-листите во 19 земји во 2011 година.

Џеси беше дел од „Republic Records“ цели 17 години, издавачка куќа која ѝ помогна да стане еден од најпопуларните артисти во светот со песни како „Nobody’s Perfect“ и „Bang Bang“. Сепак, минатата година таа преку социјалните мрежи објави дека е „невработена“. Објаснувајќи ја одлуката, рече:
„Ништо драматично не се случи. Едноставно почувствував дека ова повеќе не е вистинското место за мене. И решив да ги послушам своите инстинкти. Сега работам на сите легални аспекти за да ги среди сите права на мојата музика и да ја објавувам на свој начин, независно и според мои услови“.
Според финансиските податоци на нејзините компании, Џеси заработила 10 милиони долари од својата музика минатата година, што изнесува околу 30.000 долари дневно – импресивна бројка за некој што нема издадено песна од 2021 година.

Таа јавно им се заблагодари на „Republic Records“ за поддршката што ја добила во текот на својата кариера, но истакна дека сака да продолжи самостојно.
„Ништо лошо немам да кажам за „Republic“. Едноставно, веќе не е вистинското место за мене. Сега сум фокусирана на тоа да создадам музика на свој начин. Како овен и мајка, ништо не може да ме запре.“
Таа исто така посочи дека новите платформи, како „TikTok“, стануваат доминантни во музичката индустрија и дека идните ѕвезди ќе доаѓаат токму од таму.

Коментирај анонимно