Британската скокачка со стап за малку ќе слеташе на камерманот на Олимпијадата во Париз
Олимписките игри во Париз ќе бидат голем кошмар за скокачката со стап Холи Бредшо (32). Таа не успеа да се квалификува и за малку ќе завршеше врз камерманот при нејзиниот последен обид да фати норма.
„Едноставно сум уништена бидејќи знаев дека ова ќе биде мојата последна Олимпијада. Можеби звучи лудо, но ме преплави патеката и околината, беа преубави, сѐ беше во ред и тоа е фрустрирачки, не знам дали ќе ме разберете. Јас само сакав да го направам татко ми горд, кој почина оваа година.“ – изјави Холи, која освои бронзен медал на минатата олимпијада, а ова ѝ е четврта олимпијада по ред, што само по себе е огромен успех.
Коментирај анонимно