Британски татко починал во Јамајка откако се обидел да испие 21 коктел од менито во хотелот. Но, кој е виновникот? Алкохолот или медицинската сестра што не знаела што прави?

Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба во Кралскиот клуб Декамерон Кариби, во Сент Ен. 53-годишникот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата. Најблиските побрзале во собата на Тимотеј откако се огласил алармот.

Човекот што го видел прв ја опиша ситуацијата: „Беше на грб и се гушеше. Го свртев на страна и врескав за брза помош. Почна да повраќа. Кога пристигна медицинската сестра од хотелот ја прашав дали повикале брза помош, а таа рече „не“. Мислев таа ќе преземе, но не направи ништо. Забележав дека почнува да губи температура. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Таа рече дека има пулс. Почнав да го губам. Го погледнав неговото лице и помислив дека починал. Ѝ реков на медицинската сестра „не само седиш и гледаш направи нешто“. Па тогаш се реши да му дава компресии на градите. Можеби медицинската сестра да знаеше што да прави тој сè уште ќе беше тука. Услугата и третманот што ги доби беа одвратни“.

 

 

Тимоти веќе пиел ракија и пиво утрото кога сретнал две Канаѓанки кои се обидувале да го завршат предизвикот 21 коктел пред полноќ за да прослават еден од нивните родендени. Патолог од Кингстон, Јамајка, ја наведе причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“. Судот вели дека виновник е алкохолот, но многумина сметаат дека можеби сестрата ако знаела што прави тој ќе се спасел и ако веднаш била повикана Брза помош.

По неговата смрт, семејството на Саутерн собра речиси 11.000 евра на GoFundMe за да го врати во Обединетото Кралство откако открија дека осигурувањето за одмор што тој мислеше дека го има преку неговата банка, всушност, не покривало.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Ramiz напиша:

    Malce pijel trebalo povishe , sestrata daa mu donesi

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *