Британски тинејџер се соочува со 20 години затвор затоа што на одмор во Дубаи имал с*куален однос со девојка

Младиот Маркус Факана од Лондон, кој има 18 години, во август го посетил Дубаи заедно со своите родители. Додека бил таму, запознал девојка исто така од Лондон.

 

Маркус изјавил дека „прекрасно се забавувале заедно“ и на своите родители им ја раскажал приказната, но девојката, која тогаш имала 17 години (а сега е веќе 18), не можела да им каже на своите поради строгите родители.

Кога девојката и нејзиното семејство се вратиле во Лондон, мајка ѝ ја открила врската откако го прегледала телефонот на својата ќерка и потоа ги информирала властите во Дубаи.

Полицијата пристигнала во хотелот на Маркус за да го уапси поради врската, која би била легална ако се случила во Лондон, каде што и двајцата живеат. Тој бил задржан три дена во полициската станица Ал Барша, без можност да контактира со родителите или некој друг.

Сега се соочува со можноста за до 20 години затвор, а неговото семејство побарало помош од британската влада.

Портпарол на Министерството за надворешни работи изјави: „Го поддржуваме британскиот државјанин во ОАЕ и сме во контакт со неговото семејство.“

 

Законите во Дубаи

Законот во Дубаи неодамна беше променет за да им дозволи на туристите сексуални односи надвор од брак, но двата партнери мора да имаат над 18 години.

Рада Стерлинг, извршен директор на организацијата за човекови права Detained In Dubai, изјави дека Маркус не знаел дека девојката е „само неколку месеци помлада“ од него кога ја започнале врската.

Според Би-би-си, владата на Дубаи соопштила: „Според законите на ОАЕ, девојката законски се смета за малолетна, а нејзината мајка, како нејзин законски старател, поднела жалба“.

Судењето на Маркус Факана е закажано за 9 декември, а канцеларијата за јавно обвинителство на Дубаи изјави дека датумот е определен „по барање на неговиот правен тим“.

Обвинителството инсистираше дека е „посветено на заштита на правата на сите лица и обезбедување непристрасни судски процеси.“

Семејството на Маркус ја сподели својата „кошмарна“ ситуација. Тие изјавиле дека нивниот син е „многу исплашен“ поради претстојното судење и можноста за затвор, а на GoFundMe страницата за помош со правните трошоци го споделиле своето гледиште:

„Она што требаше да биде среќен период се претвори во кошмар за него, за нашето семејство и за нашите пријатели. Ова се случи како резултат на тоа што некој се обидува да го злоупотреби законот на ОАЕ против него. Тој е обвинет за злосторство што би можело да резултира со затворска казна до 20 години.“ објасниле тие.

„Ова се случи како резултат на тоа што некој се обидува да го злоупотреби законот на ОАЕ против него. Тој е обвинет за злосторство што би можело да резултира со затворска казна до 20 години.“

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *