Британските возачи кои ќе се откажат своите автомобили ќе добијат по 3.000 фунти за јавен превоз, електрични скутери и такси

На возачите треба да им се дадат до 3.000 фунти за да ги заменат своите автомобили со позелени форми на транспорт.

Возачите во области со најзагадувачки автомобили ќе добијат народни пари за да се откажат од своето возило за. Овие пари ќе се користат на алтернативни начини на транспорт, како што се велосипеди и електрични скутери, но исто така ќе работат и како форма за олеснување на метежот.

Проектот ќе започне со тест период од две години во Ковентри оваа пролет, насочена кон оние со дизел автомобили произведени пред 2016 година и бензински мотори пред 2006 година.

На возачите од областа кои ќе се согласат да се откажат од  автомобилот за време на тест периодот, ќе им се дадат од 1.500 до 3.000 фунти за алтернативен превоз.

Шемата Вест Мидлендс се плаќа како дел од иницијативата „иден транспорт“ од 22 милиони фунти финансирана од владата.

Енди Стрит, градоначалник на Вест Мидлендс, рече: „Имаме голем број кандидати во Ковентри по јавниот апел за волонтери минатата година и воспоставуваме процеси за да им се дозволи да ги остават своите стари автомобили во замена за кредитни транспорти подоцна пролет.“

Слична програма може да се одржи и во Хемпшир, каде окружниот совет размислува за „шема за кредитна мобилност“ за жителите кои се согласуваат да се откажат од својот автомобил засекогаш.

Ксавиер Брис, извршен директор на добротворната организација за возење велосипед и пешачење Сустранс, рече: „Одлично е да се гледа како локалните власти разгледуваат нови начини за намалување на зависноста од автомобил. Подобриот, подостапен јавен превоз е од клучно значење за борба против загадувањето на воздухот и климатските промени“.

Сепак, претседателот на АА, Едмунд Кинг истакна дека „бизарната“ иницијатива дојде во време кога многу автомобилски компании се обврзаа на електрична енергија.

Претходно оваа недела Форд вети дека ќе продава само електрични автомобили во Европа до 2030 година.

Тој рече: „Парите подобор да се потрошат за обезбедување електрични точки за полнење за оние ги  кои немаат во близина , отколку за давање кредити за мобилност“.

Борис Џонсон изјавува дека Обединетото Кралство е водич во борбата против загаденоста и се надева дека  останатите држави ќе ги следат нивните стапки.