Брод со вештачка интелигенција за капетан и без екипаж денес е испратен на важна мисија

„Погледнете ме, јас сум сега капетанот.“ Ова најверојатно би го кажала вештачката интелигенција на автономниот брод Мејфловер, кој дури нема ниту свој екипаж. Бродот за истражување, целосно автономен е создаден преку соработка помеѓу непрофитната организација за морски истражувања „Промар“ и „ИБМ“, глобален конзорциум на партнери и научни организации, и тој се очекува да ги помине следните шест месеци впуштајќи се во морињата.

Испловувајќи од Плимут во Велика Британија денес, бродот ќе патува до Плимут, Масачусетс, цело време самостојно навигајќи се со својата интелигентна технологија на бродот. „ВИ Капетанот“ ’ќе одлучи за секој свој потег, обучен со низа слики од работи со кои може да се сретне додека е на море, како галебите, чамците и ледените брегови.

Енди Стенфорд-Кларк, главен службеник за технологија за IBM во Велика Британија, објасни за БиБиСи дека АИ ќе препознае што да избегне, вклучувајќи ги и физичките бариери и потенцијалните опасни временски настани.

Бродот е опремен и со „систем заснован на правила“ кој одредува дали курсот предложен од ВИ е легален. Додека е на своето патување, бродот ќе користи опрема за да собере податоци што имаат за цел да ги унапредат истражувањата во врска со загадувањето со пластика и глобалното затоплување. Без екипаж на бродот, целиот брод може да се посвети на науката.

Бродот ќе плови по трасата на оригиналниот Мејфловер од 1620 година во знак на одбележување на 400-годишнината од познатото патување.