Брзото размислување на овој човек го спаси од кражба и ќотек

Надзорните снимки го снимиле моментот кога маж го фрла својот часовник преку ограда во предградие на Лос Анџелес, откако членовите на бандата скокнале од автомобил за да го ограбат.

Грабежот, кој е снимен на безбедносните снимки, покажува човек облечен во црна маица и шорцеви како оди по улица и забележал како сив автомобил застанува до него.

Жртвата, која го набљудува автомобилот додека не запре, испаничи кога двајца мажи почнаа да го бркаат. Тој почнува да го вади својот скап часовник од раката и бега од разбојниците и во последен момент му текнува да го фрли преку оградата и ги збунува разбојниците.

Двајцата неидентификувани осомничени престануваат да го бркаат човекот откако сфатиле дека повеќе го нема часовникот на себе. Еден од разбојниците се враќа до оградата најверојатно со помисла да ја прескокне и да го земе часовникот, но не предомислува и се враќа во автомобилот и заедно со учесникот бегаат од локацијата. Точната локација на грабежот и идентитетот на жртвата не се познати.