Будистот и капетанот пред пензија (виц)

Еден будист бил осуден на смртна казна со стрелање:
– Не ме убивајте! Можам да кревам предмети со очите! – Рекол будистот.
– Ајде да видиме дали можеш да го кренеш ова столче! – Рекол Мајорот.
Будистот се помачил некое време и на крај успеал да го крене столчето. И таман го кренал, некој од војниците свирнал и столот паднал.
– Ајде крени ја масата! – Пак му наредил Мајорот.
Будистот се помачил малку повеќе и пак успеал да ја крене, но пак некој од војниците свирнал и масата веднаш паднала.
– Ајде ако успееше уште да му го кренеш на капетан Митре, кој оваа недела оди во пензија, те пуштаме на слобода!
Будистот се сконцентрирал најсилно што можел, се мачел се мачел и конечно успеал. Насмеан од уво до уво, капетанот го извадил пиштолот, го вперил кон војниците и викнал:
– Никој да не свирнал, зошто сега ќе му ја расплачам мајката!