Бугаринот му се фали на Македонецот како нѐ искористуваат (виц)

Еден Македонец мирно си јадел во локална сендвичара. До него се приближил еден Бугарин, џвакал мастика и седнал на столот до нашиот. Македонецот го игнорирал неговото присуство, а овој, видливо изнервиран, почнал разговор:
— Извини, вие Македонците го јадете ли целиот леб?
— Се разбира.
— Ние не. Го јадеме само мекото, а корките ги собираме во контејнер. Ги рециклираме во брашно и ги извезуваме во Македонија.
Македонецот премолчел. Бугаринот продолжил, џвакајќи ја мастиката:
— Вие јадете ли мармалад со леб?
— Секако.
— Ние не. За појадок јадеме свежо овошје, а лушпите и семките ги собираме во друг контејнер, правиме мармалад и го извезуваме во Македонија.
Тогаш нашиот го прашал:
— А вие што правите со презервативите, откако ќе ги искористите?
— Ги фрламе во ѓубре, се разбира.
— Ние не. Откако ќе ги искористиме, ги собираме во еден контејнер. Ги рециклираме, ги трансформираме во мастики и ги извезуваме во Бугарија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *