Бугарската боксерка Станева беше „лесно претепана“ од биолошки машката боксерка од Тајван, Лин Ју- Тинг, и не остана рамнодушна да не покаже забелешка гестикулирајќи со прстите
Лин Ју-Тинг од Тајван ја победи Бугарката Светлана Станева во четврт-финалето во категоријата до 57 килограми за жени.
На сликите се гледа дека Станева прави две „Х“ со показалецот што изгледа како да дава забелешка за полот на нејзината противничка, кој беше центар на огромна бура на критики на Олимпијадата. Ју-Тинг беше обвинета дека е маж од страна на Меѓународната боксерска асоцијација, откако падна на тестовите за полова подобност на светското првенство во Индија минатата година. Сепак, и беше одобрено да се бори на Олимпијадата.
Машките хромозоми се означени со X и Y, додека жените имаат две X.
Двете борачки првично не си ги допреа ракавиците во знак на почит, но потоа победничката отиде кај губитничката и ја допре по рамото откако заврши мечот. Сјанева без коментар ја напушти боксерската арена во Северен Париз.
Но, нејзиниот тренер Борислов Геоиргиев сугерираше дека на Лин не требало да и се дозволи да се бори. Тој за „Би-Би-Си“ изјави: „Јас не сум медицинско лице кое треба да каже дали Лин може да се натпреварува или не овде. Но, кога тестовите ќе покажат дека тој или таа го има хромозомот Y, таа не може да биде тука“.
По мечот, Ју-Тинг одби да биде вовлечена во тековната контроверзност.
Таа рече: „Добив многу пораки за поддршка од мојата земја и од луѓето во Париз. Им благодарам. Но, не можев да ги прочитам бидејќи ги деактивирав социјалните мрежи. Ќе продолжам да се борам за златниот медал. Имам освоено бронзен медал, но сакам да го освојам златото“.
Таа е втората боксерка што се соочи со прашања дали треба да и се дозволи да се натпреварува во женските игри. Првата беше 25-годишната алжирска боксерка Имане Келиф, која беше ставена во центарот на вниманието откако нејзината италијанска противничка, Ангела Карини, го прекина мечот по само 46 секунди.
Карини, која се здоби со скршеница на носот, се слушна како вика „не е во ред, не е во ред“ додека го напушташе рингот. Подоцна на новинарите им кажала дека никогаш во кариерата не била толку силно удирана.
Но, таа подоцна рече дека жали како се справила со последиците од тепачката.
„Тоа не беше нешто што имав намера да го направам (да не се ракувам). Всушност, сакам да ѝ се извинам на неа и на сите други. Бев лута. Немам ништо против Келиф. Всушност, ако повторно ја сретнам, би ја прегрнала“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Dear Sir/Madam,
We are inviting your esteemed company for Vendor/Supplier/Contractor Partnership registration with Etihad Airways Project & Contract Management, UAE 2024/2025 projects.
These projects are open for all companies around the world. If you have intention to participate in the process, please confirm your interest by asking for Vendor Questionnaire and EOI.
Your prompt response would be greatly appreciated as it will help us expedite the Vendor/Supplier/Contractor selection process.
Looking forward to your reply.
Kind Regards,
Osama Tanzeel Alam
Project Coordinator
Group Procurement & Contracts Shared Services Center
Etihad Aviation Group PJSC
Dear Sir/Madam,
We are inviting your esteemed company for Vendor/Supplier/Contractor Partnership registration with Etihad Airways Project & Contract Management, UAE 2024/2025 projects.
These projects are open for all companies around the world. If you have intention to participate in the process, please confirm your interest by asking for Vendor Questionnaire and EOI.
Your prompt response would be greatly appreciated as it will help us expedite the Vendor/Supplier/Contractor selection process.
Looking forward to your reply.
Kind Regards,
Osama Tanzeel Alam
Project Coordinator
Group Procurement & Contracts Shared Services Center
Etihad Aviation Group PJSC
Коментирај анонимно