Бурата Киара откри уште една мистерија, овој пат стара 130 милиони години

Додека Бурата Киара несомнено предизвика хаос низ цела Велика Британија минатата недела, невидените нивоа на ветрот исто така открија и интересно археолошко откритие.

Според фосилните експерти, силните налети на ветрот го открија стапалото на диносаурус за кој се верува дека шетал на Земјата пред околу 130 милиони години.

Отпечатокот беше пронајден на плажа на островот Вајт и се верува дека припаѓа на антички диносаурус од тетроподите, познат како Неовенатор или Спиносаурус Барионкс.

Неовенатор во превод значи „нов ловец“ и се однесува на месојаден диносаурус, кој изнесувал околу 7,6 метри и може да тежи до неверојатни два тона. Во меѓувреме, Спиносаурус Барионикс бил во исто семејство, но неговата исхрана претежно била составена од риба.

Како и да е и двата диносауруси изгледале прилично застрашувачки. Научниците велат дека отпечатокот сега може да исчезне додека плимата и осеката ја измиваат меката глина, па добро е што веќе се направени неколку фотографии од фасцинантно откритие.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.