Чантите со големина на багажник од автомобил се главниот тренд за 2022 година

Влијателната уредничка Ешли Филипс во магазинот „Инсајдер“ ги именуваше торбите со големи димензии како врвен тренд за 2022 година.

Главниот додаток на пролетта и летото 2022, според експертот, се чантите со гигантски димензии, направени од практични материјали како најлон и полиестер. Според неа, чантите се толку практични, што ќе се користат и при патување, и на пикник или на шопинг.