Царството на месото и фантастичните вина: 10 работи кои ги дочекуваат туристите во Аргентина
Аргентина ја слави својата 206-та годишнина во јули оваа година, па затоа сметаме дека можеме малку да прославиме и еве 10 причини да го посетите овој јужноамерикански скапоцен камен!
1. Возете по еден од највозбудливите патишта во светот
Возењето низ долината Квебрада де Хумахуака е едно од најубавите возења во светот. Во текот на возењето погледот пука на чудотворните карпи, но и на патиштата кои со векови се користат за транспорт. Посебна карактеристика е катедралата во пештерата, каде свират локални музичари.
2. Уживајте во одлични вина
Мендоза е главниот вински регион во земјата и се наоѓа во подножјето на Андите. Исто така, сортата на грозје малбек стана светски позната со текот на времето, но тука се произведуваат и одлични шираз и каберне совињон. Во основа, со аргентинските вина е потешко да се промаши отколку да се погоди.
3. Книжарница која остава без здив
El Ateneo Grand Splendid е книжарница во Буенос Аирес, сместена во поранешен театар отворен во 1919 година. Милиони книги ќе ве пречекаат овде, и има по нешто за секого.
4. Метрото во Буенос Аирес
Штом сте во главниот град, време е да се качите со метрото. Метрото во Буенос Аирес е дадено во 1913 година, така што може да се гордее со титулата на првиот град што доби метро во Латинска Америка.
5. Кафуле во кое ќе се чувствувате како дел од минатото
Можете да пиете одлично кафе на многу места во Буенос Аирес, но кафето направено во Cafe Tortoni е веројатно најдоброто и најпознатото. Овде црниот пијалок се точи уште од античко време во 1858 година, а внатре во кафулето се е на највисоко можно ниво.
6. Обидете се да го освоите врвот на Јужна Америка
Добро, се шегуваме, доволно е да го започнете искачувањето, па до каде стигнете до таму. Аконкагва е висок и впечатлив, па дури и да се откажете по неколку стотини метри, ќе можете да уживате во глетката и прекрасната природа.
7. Фудбал
Најважната споредна работа на светот во Аргентина зазема многу важно место, а Диего Марадона се уште се слави како божество. За вистинско искуство, купете билети за натпреварот на Бока Јуниорс и појдете на легендарната Бомбониера.
8. Водопади Игуазу
Водопади, односно водопад кој се наоѓа на границата на Аргентина и Бразил е вистинско чудо на природата. Се работи за вкупно 275 водопади високи до 70 метри. Долги години тие се едно од најпосетуваните места во Аргентина.
9. Танцувајте танго
Штом сте тука, зошто да не научите да го танцувате најпознатиот аргентински танц? Можете да се запишете на танго на речиси секој чекор во Буенос Аирес, но пред се – бидете внимателни. Имено, овој танц го нарекуваат уште и „танцот на љубовта“, па се вели дека паровите можат да бидат уште поблиски, но и подалечни.
10. Само месо, месо и месо
Земјата е надалеку позната по своите сочни стекови. На вас останува малку да истражите, да изберете место според вашите можности и да се препуштите на магијата на аргентинската кујна.