Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров си купил Tesla Cybertruck, си го прилагодил за свои потреби и тргна накај Украина
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, познат и како Малиот змеј или Крволичното куче на Путин, сподели видео на кое вози Тесла Сајберкамион со инсталиран митралез на задниот дел на футуристичкото возило. Кадиров тврди дека планира да го однесе возилото, директно од фабриката на Илон Маск, на бојното поле во Украина.
Кадиров, кој е познат по своите екстравагантни акробации за публицитет, ги пофали и возилото и извршниот директор на Tesla во порака на Telegram. Тој го нарече Маск „најголемиот гениј на модерното време“ и го покани во Чеченија.
„Со нетрпение ги очекуваме вашите идни производи кои ќе ни помогнат да ја завршиме специјалната воена операција“, изјави Кадиров, кој по примерот на неговиот руски сојузник Владимир Путин го избегнува зборот „војна“.
Маск сè уште не одговорил на плановите на Кадиров да го користи Tesla Cybertruck, познат и како Cyberbeast во неговата најтешка верзија, како воено возило. Луди времиња, луди луѓе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
DAJ BOŽE DA POGINE ŠTO PRIJE ! SEREM MU SE NA BRADU .
Идиотот ,требаше на Лада Нива да го монтира митралезот. Не на америчко возило.
Коментирај анонимно