Цел свет се чуди зошто овие 20 индиски слонови лежат како да се застрелани, но не плашете се, причината е многу смешна

Групата од 24 слонови шетала низ џунглата во источната држава Одиша кога наишла на големи глинени садови со „мухуа“, традиционален пијалак направен од цветот на дрвото мадука лонгифолија.

Тоа е алкохолен пијалак и најчесто се остава во тегли да ферментира, но слоновите знаат што сакаат, па така толку се опиле од овој домашен алкохол направен од селаните во Индија што паднале и заспале. Стадото во кое имало и девет телиња имало доста пијана вечер затоа што мештаните не можеле да ги разбудат од длабокиот сон.

 

Конечно се разбудиле кога еден од мештаните почнал да мава на тапани. Па најверојатно со голема главоболка благодарение на мешавинатата од алкохол и тапаните, успеале да станат и полека да си отидат во длабочините на шумата.

„Отидовме во џунглата околу 6 часот наутро за да подготвиме мухуа и откривме дека сите тегли се скршени и дека ферментираниот пијалок недостасува“, изјави Нариа Сети, селанка.

Сети додаде: „Исто така откривме дека слоновите спиеле. Го конзумирале ферментираниот пијалок и се опијаниле“.

„Познато е дека слоновите пијат „мухуа“ понекогаш со катастрофални последици. Тие го сакаат тоа. Чисто е, вкусно и моќно“, изјави Картик Сатјанарајан, извршен директор на „Wildlife SOS“.

„Кога ќе го помирисаат, ќе направат сè за да за да дојдат до него, дури и ќе рушат ѕидови. Откако ќе завршат, тие тетерави се враќаат дома, соборувајќи некое дрво или пак куќа на патот“.

 

Некои слонови стануваат зависни од „махуа“ и одат во постојано трагање по алкохолот. Шумските власти ги предупредуваат локалните жители да не варат махуа, откако стадо слонови било забележано како се движи низ шумата. Слоновите имаат силно сетило за мирис и веднаш се упатуваат кон моќниот махуа алкохол.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *