Цело семејство завршило во болница откако шегаџија им дал полна кеса „лиснат зеленчук“
Цело семејство од Индија е хоспитализирано откако направиле ручек од лиснат зеленчук кој им го продал некој човек на пазарот.
Еден член од семејството отишол на пазар за да купи тилчец, кој им бил потребен за да направат локално јадење со компири наречено ало-мети.
![]()
Шегаџијата на пазарот му го продал „тилчецот“ и целото семејство потоа седнало да ужива во јадењето. Но, наместо тилчец човекот им продал цела кеса марихуана. Набрзо по ручекот на членовите од семејството почнало да им се врти во главата и веднаш им станало јасно дека нешто не е во ред.

За среќа, семејството успеало да се јави на еден од соседите и тој повикал брза помош и сите 6 члена на семејството биле префрлени во болница. Сите тие се во стабилна состојба. Полицијата го уапсила „шегаџијата“, а и го заплениле остатокот од марихуаната, иако не останало многу.

Откако продавачот на зеленчук бил уапсен, тој им кажал дека го направил тоа за да се „пошегува“ со семејството.

Преголемата потрошувачка на канабис може да доведе до зголемено отчукување на срцето, со што постарите лица можат да добијат срцев удар. Исто така, може да резултира во вознемиреност, како и екстремни психотични реакции.
