Целосен неуспех! Најголемиот трговски центар во светот каде никој не купува

South China Mall во кинескиот град Донгуанг се смета за најголемиот трговски центар во светот. Поточно, трговскиот центар со најголема површина од достапни простории за изнајмување – речиси 660.000 квадратни метри простор во кој можат да се сместат повеќе од 2.300 продавници.

Дубаи Мол е поголем – има повеќе од милион квадратни метри простор, но вклучува и други содржини, како хотел, зоолошка градина и тематски парк, а од оваа година на мапата се појави уште еден гигантски играч, а можеби неочекувано, во Техеран. Иран Мол со сите дополнителни капацитети е поголем од Shout China Mall и Dubai Mall заедно!

Архитектите го дизајнираа трговскиот центар South China како место со седум меѓународни зони, кои ги имитираат Амстердам, Париз, Рим, Венеција, Египет, Карибите и Калифорнија. Центарот вклучува реплика на Триумфалната капија висока 25 метри, камбанаријата на базиликата Св. Марк од Венеција, но и канал со гондоли долги два километри. Се сметаше дека центарот ќе привлекува околу сто илјади посетители секој ден.

Иако трговскиот центар „South China“ е замислен како трговски рај, откако е отворен во 2005 година, тој главно остана празен или празен 99 отсто од својот капацитет. Изнајмени се само деловни простории на главниот влез во центарот, а во нив има и западни ланци за брза храна.

Многумина веруваат дека трговскиот центар South China Mall е лошо замислен проект изграден на погрешно место. Имено, сопствениците на Dongguan Sanyuan Yinghui Investment & Development сакале да привлечат богата клиентела од големите градови како Гуангжу и Шенжен, но ја лоцирале во град во централната провинција Гуангдонг, каде повеќето од осумте милиони жители се со ниски приходи.

Во 2015 година, центарот претрпе низа реновирања и измени, а бутиците и рестораните со попристапни цени за производи и услуги почнаа масовно да се отвораат. Иако центарот во последните пет години го посетиле повеќе луѓе од кога било досега, сепак кружат информации дека неговите капацитети се полупразни. Најпосетувана содржина во центарот е кино со 3Д платформа.