Целосно парализиран човек го објави првиот твит со помош на мозочен чип

Филип О’Киф го направи првиот твит со „директна мисла“, откако му беше вграден компјутерски чип во мозокот.

О’Киф, 62-годишник од Австралија, има амиотрофична латерална склероза (АЛС). Тој го направи твитот користејќи ги само неговите мисли и мозочниот компјутерски интерфејс создаден од стартапот неуротек Синхрон.

Твитот беше објавен на профилот на извршниот директор на Синхрон, Томас Оксли. Откако го сподели твитот, О’Киф продолжи да зборува за „неверојатната“ технологија.

Твитот гласи:

„Нема потреба од притискање на копчињата или гласови. Овој твит го создадов само размислувајќи. #helloworldbci“.

Според соопштението од Синхрон., О’Киф коментирал за тоа како технологијата му помогнала да ја врати својата „независност“ по објавувањето на неговиот твит.

О’Киф сподели:

„Кога првпат слушнав за оваа технологија, знаев колкава независност може да ми врати. Системот е зачудувачки, тоа е како да учите да возите велосипед, потребно е вежбање, но штом се тркалате, станува природно. Сега, само размислувам за тоа каде на компјутерот сакам да кликнам, можам да користам  е-пошта, да купувам и  да испраќам пораки до светот преку Твитер“.

Чипот на О’Киф беше вграден во април 2020 година, откако неговата состојба се влошила.

Чипот бил вметнат низ југуларната вена и наводно биле потребни четири часа по имплантацијата за да може да внесе текст во компјутер.

Технологијата му овозможи на О’Киф повторно да се поврзе со своите најблиски со испраќање е-пошта и играње игри на компјутер.